ЕУ планира нови санкции против Белорусија

4

Како одговор на „загрозувањето на воздушниот сообраќај“ од страна на властите во Минск, ЕУ ќе ги заостри санкциите против Белорусија. Допрва треба да се провери колку остри ќе бидат новите санкции.

Сите мобилни телефони да се предадат или барем да се исклучат! Ова беше упатството до шефовите на држави или на влади на ЕУ и нивните најблиски соработници во салата за состаноци во Брисел. За време на разговорите за Белорусија, ништо не требаше да излезе надвор, ниту твит ниту СМС-порака, како што обично се случува. Оваа итна молба на претседателот на самитот, Шарл Мишел, требаше да ја потенцира драмата на моментот и важноста на заклучоците. Само на крајот од тајните разговори беше објавен заедничкиот текст на Европската унија за целосно едногласно да реагира на принудното слетување на ирскиот авион во Минск во неделата и апсењето на белорускиот противник на режимот и неговата партнерка.

За време на вечерата, лидерите на ЕУ одобрија список на различни опции за санкции, кои треба натамошно да бидат разработни од Европската комисија Комисијата и од Советот на министри на ЕУ и формално да стапат во сила. ЕУ, исто така, бара итно ослободување на притворениот новинар Роман Протасевичи неговата руска пријателка Софија Сапега. На Телеграм се појави видео во кое Протасевич вели дека е во притвор. Како е направено видеото и дали е снимено доброволно, не е јасно. Сличните апели од страна на ЕУ за ослободување на уапсените по насилното постапување врз демонстрантите во Белорусија во изминатите неколку месеци, меѓутоа, минаа без одговор од властите во Минск.