Повеќе нема сомнеж дека се заедно: Бен Афлек и Џенифер Лопез фотографирани во вила во Мајами

11

Американскиот актер Бен Афлек е повторно фотографиран во друштво на пејачката Џенифер Лопез, што уште повеќе ги „подгрева“ приказните дека ја обновиле романсата и врската која ја раскинаа пред 17 години и речиси никој повеќе не верува дека станува збор за пријателство.

Имено, Бен и Џенифер биле фотографирани на истиот балкон во една прекрасна вила во Мајами, а папараците успеале да ги фатат како уживаат во погледот на океанот.


Не е познато зошто Бен е моментално во Мајами, но се знае дека пејачката во текот на овој месец поминувала време во Лос Анџелес со актерот, како и дека по концертот „Vax Live“ отпатувале 7 дена на одмор.

„Откако ѕвездите се појавија одвоено на концерт во Лос Анџелес на 2-ри мај, тие заедно одлетаа во луксузно скијалиште каде заедно одмараа околу една недела“, вели извор.

Бен и Џенифер се запознаа на сетот на филмот „Gigli“ во 2001 година и беа верени од 2002 до 2004 година, а новите фотографии ги поттикнаа шпекулациите дека одлучиле да ѝ дадат втора шанса на својата љубов.

Во прилог на тоа е и изјавата на Афлек за Џеј Ло во едно негово неодамнешно интервју:

„Таа е најголемиот работник кој некогаш сум го запознал. Многу е талентирана, но покрај тоа многу работеше и на себе и на својот успех така што сум многу среќен поради неа и изгледа дека целиот труд ѝ се исплати“, рекол тој за „InStyle“ и признал дека не може да престане да ѝ се воодушевува на младешкиот изглед.

Бен по раскинувањето со Лопез се венчаше со колешката Џенифер Гарнер со која има 3 деца, а парот се разведе во 2018 година. Неодамна тој ја раскина врската со 16 години помладата актерка Ана де Армас која наводно му го скршила срцето.

Лопез по Афлек стапи во брак со пејачот Марк Ентони со кој доби близнаци, а покрај тоа што се разведоа во 2013 година, тие се уште се блиски пријатели. Во последните 4 години Џеј Ло беше во врска со Алекс Родригез, со кој се вери, а раскинувањето го потврдија преку заедничко соопштение за медиумите.