Заев: Го разбирам Анѓушев ако сака да си оди

3

Ќе имам разбирање доколку вицепремиерот Кочо Анѓушев сака да им се посвети на своите фирми, рече премиерот Зоран Заев откако тој вчера најави повлекување од функцијата по предвремените парламентарни избори на 12 април.

„Анѓушев е повикан да биде дел од владата како претставник на коморите за овој мандат. Тој е сопственик на големи фирми, кои вработуваат над 1.000 лица и ќе имам разбирање ако сака да се посвети на нив. Дружејќи се со него видов дека добивката му е намалена за 50 отсто и тој е неопходен таму. Ќе разговараме и со него секако ако граѓаните ни ја дадат честа и правото за нова влада на претстојните избори“, кажа Заев.

Вицепремиерот Кочо Анѓушев синоќа, гостувајќи на емисијата „Топ тема“, кажа дека неговиот мандат во владата ќе заврши на 12 април и ќе се врати во своите фирми и како редовен професор на Машинскиот факултет.