Заев даде рок до четврток да се испорачаат резулатати за бегството на Мијалков – во спротивно следува одговорност

13

Водечките претставници на надлежните институции утрово се сретнале со премиерот Зоран Заев поврзана и разговарале за бегството на поранешниот шеф на тајната полиција Сашо Мијалков, кој стана недостапен за институциите неколку дека пред да му биде изречена првостепената пресуда во предметот за масовното прислушување „Таргет-Тврдина“, пренесува „Фокус“.

Како што неофицијално дознава Фокус, на средбата Заев побарал сите страни, секоја според своите овластувања, да преземат максимални и ефикасни мерки за лоцирање и обезбедување на Мијалков, за кого присутните изразиле верување дека се уште е во земјава.

Заев рекол дека доколку не бидат испорачани конкретни резултати до четврток, ќе испорача одговорност онаму каде има таква можност, односно во извршната власт, но воедно ќе повика на одговорност и во правосудната власт, без притоа, како што велат изворите за „Фокус“, да стравува дека тоа ќе се интерпретира како мешање во друга независна власт.

Како што информира порталот, станува збор за мерките што се преземени досега во насока на идентификување на лицата што му помогнале на Мијалков да избега, односно на членовите на неговото семејство и обезбедување, при што било заклучено дека, ако има правна основа, ќе се преземат мерки за блокирање на сметки и затворање на деловни објекти поврзани со Мијалкови.

Од завчера попладне, Мијалков е недостапен и полицијата не успеала да му го врачи решението за куќен притвор, што како мерка на претпазливост, на барање на обвинителството го донел Кривичниот суд. Министерството за внатрешни работи првично објави национална, а вчера попладнето и меѓународна потерница за Мијалков.

Тој е еден од обвинетите за нелегалното прислушување на над 20 илјади граѓани во периодот од 2008 до 2015 година. Според обвинителниот акт, преку три системи за следење на комуникациите во УБК, незаконски биле следени 4.286 телефонски броеви за кои воопшто не биле издадени судски наредби.

Обинителството во завршните зборови за Таргет-Тврдина побара максимална казна за Сашо Мијалков, а пресудата треба да биде објавена в петок, на 26 февруари.