Заев за ТВ21: Не е разговарано со мене за широка коалиција

23

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев за ТВ21 вели дека со него не е разговарано за никаква широка коалиција.

„Со мене пред 27-ми април и на 27-ми април не е разговарано за широка коалиција. Можеби со некој друг тогаш разговарале“, вели Зоран Заев за ТВ21.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски демантира дека водел разговори со Никола Тодоров за широка коалиција меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ пред настаните од 27 април 2017 година.

„Јас не сум разговарал никогаш и со никого од ВМРО-ДПМНЕ за било каква широка коалиција“, изјави Спасовски за Плусинфо.

Вчера во судница како сведок екс-министерот за Здравство од редовите на ВМРО-ДПМНЕ рече дека упадот во Собранието ги урнал сите планови за широка коалиција.

„Ова за прв пат го зборувам. Ние имавме разговори за широка коалиција и затоа тој ден бев многу нервозен и растревожен. Ние бевме на добар пат за таа широка коалуција, која требаше да ја стави државата на патека за членство кон ЕУ и НАТО”, сведочеше вчера Никола Тодоров.