САД има 18 позитивни на ковид-19, ќе добие ли Македонија повик за настап на СП?

12

Ракометната репрезентација на САД имаат 18 заразени од коронавирус, но и покрај тоа сакаат да настапат на Светското првенство, велат дека би играле и со 12 ракометари, на потег е ИХФ.

Македонија е прва резерва за настап на Светското првенство, доколку некоја селекција го откаже настапот ние треба да добиеме повик.

Нова шанса за наш настап е САД, тие имаат дури 18 заразени и нивното учество станува неизвесно.

Нивниот селектор, Роберт Хедин не се откажува од настап, вели дека ќе играат и со 12 ракометари, проблем ќе им биде само одбраната, имаат еден голман.

„Ќе испратиме 12 ракометари во Египет, но проблем е што ќе немаме одбрана, имаме барем еден голман“, вели Роберт Хедин.

САД ионака важат за аутсајдер и немаат широк ростер на квалитетни ракометари, коронавирусот дополнително ги десеткува, па ќе се чека ИХФ да пресече, дали ќе им дозволи да играат во некој импровизиран состав или Македонија ќе добие шанса.

Светското првенство почнува утре, а првиот натпревар на САД е во четврток против Австрија, во нивната група се уште и селекциите на Франција и Норвешка.