Заев: Прво избор на потпретседатели на Собрание, па потоа избор на министри во влада

30

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев денеска изјави дека предлогот за состав на новата влада ќе биде доставен по изборот на потпретседатели на Собранието.

„Прво Парламентот мора да го утврди бројот на потпретседатели и уште некои други одлуки, а, исто така, треба да го верификува и мандатот на следните пратеници кои доаѓаат од листите. Штом Собранието заврши со сите овие постапки, веднаш ќе доставам предлог за влада и владината програма до Парламентот“, изјави Заев за ТВ 21.

Тој одговори потврдно на прашањето дали станува збор за пратеници кои се следни на листата на пратеници, откако некои беа предложени за министри. Рокот за поднесување на предлогот за состав на нова влада е 2 септември.