Заев: Јас сум разочаран како и целиот народ, очекувам Мијалков да биде пронајден, ќе барам одговорност

105

Премиерот Зоран Заев денеска го коментираше случајот со Сашо Мијалков, кого полицијата го бара од вчера од 18:30 часот за да му го врачи решението за домашен притвор пред пресудата за предметот „Таргет Тврдина“.

Заев потенцираше дека е разочаран и го чувствува гневот и на народот. Тој очекува веднаш да биде пронајден Мијалков, и да му биде издадено решението, и истакна дека ќе побара одговорност.

Немојте да очекувате да правам истрага пред микрофоните. Одговорно тврдам дека ќе очекувам.

„Јас сум разочаран исто како и нашиот народ. Очекувам лоцирање и пронаоѓање, и да биде спроведено решението за домашен притвор и ако биде осуден, да си ја одлежи казната. И согласно од тоа очекувам одговорност. Дали бил МВР, премиер или било кој… одговорност очекувам. Од кого и да е. Прва поента да се најде, и доколку биде осуден да си отслужи казната, очекувам целосно одговори на тоа што се случува, и трето очекувам цела истрага“, рече Заев.

Тој демантираше дека меѓу него и Мијалков има политички договор.

„Апсолутно нема почлитички договор. Јас сум среќен како прво извршната власт сме обезбедикле услови после плачкање на државата, со сите влијаниа и моќи, е организиран правен процес. Очекувам оваа седмица да финишира тој правен процес. Веќе е најавена казна, и веројатно тоа е причината зошто не можело да биде пронајдено лицето Мијалков дома. Апсолутно барам владеење на правото, без разлика за кој, дали е власт или опозиција“, рече Заев.