За 9 часа 24 послаби земјотреси во близина на Битола, голем број граѓани ноќта ја минаа надвор

7

Од првиот земјотрес со јачина од 5,8 степени кој се случи синоќа во 22,43 часот на пет километри северозападно од Лерин во Грција, до утрово беа регистрирани, а дел и почувствувани во Битола, 24 земјотреси. Двата посилни потреси утрово битолчани ги почувствуваа во 7,28 и 8,01 часот. Едниот со епицентар на седум километри од Лерин и јачина од 3,6 степени, а другиот нешто послаб на девет километри од Аминдео, исто така во Грција.

Од сите 24 земјотреси до утрово само еден е со епицентар на македонска територија, поточно на 21 километар од Новаци, а сите други се во Северна Грција во Леринскиот Регион.

Земјотресите во Битола предизвикаа мали материјални штети, како пукање на тавани и ѕидови, но и страв кај жителите кои дел од ноќта ја поминаа будни на улиците.

Утрово во Битола врнe дожд, па повеќето битолчани и покрај утринските потреси сепак останаа во домовите.