Нов скандал во Мелбурн-Ѓоковиќ повторно приведен, го чека депортација

9

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ ќе биде приведен и депортиран од Австралија.

Српски политиколог за телевцизија Прва изјавил дека предмалку во Мелбурн повторно е приведен најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ.

Според доверливите информации на Нина Марковиќ, Новак предмалку бил приведен и го чека депортација иако судијата Енотни Кели пресудил во негова корист .

Официјални лица на имиграциското биро пред 15 минути пред канцеларијата на двокатот каде бил Ѓоковиќ му рекле тој да тргне со нив и дека е приведен, за подоцна да биде депортиран.

Братот на Новак, Ѓорѓе Ѓоковиќ потврди дека најдобриот свтески тенисер е уапсен!

„Непроспиени ноќи за целото семејство. Поминуваме низ многу тешки моменти, Новак покажа колку е упорен и колку верува во своите идеали и дека е голем човек и се борел не само за себе туку и за целиот свет. На од друга страна имаме систем во Австралија „Тој донесе одлука во полза на сите факти и немаше причина за каква било друга одлука, а сега добиваме информации дека министерот за внатрешни работи очигледно е над судот“, рече. Ѓорѓе Ѓоковиќ.