Зголемен водостојот на Пчиња кај Пелинце

3

 

Зголемен е водостојот на реката Пчиња, кај Пелинце, покажаа мерењата на Управата за хидрометеоролошки работи.

Пчиња бележи благ пораст на водостојот откако последниве два дена има врнежи, но сепак и понатаму е под просекот за овој период од годината.

Според мерењата извршени утрово од Управата за хидрометеоролошки работи на мерната станица во селото Пелинце, Пчиња пораснала за 15 сантиметри последното деноноќие.

Вчера утрото биле измерени 28, а денеска 43 сантиметри.

Сепак и понатаму е под просекот за овој период од годината кој изнесува 53 сантиметри.