Зеленски: Русите ја напуштаат опремата, станаа еден од добавувачите на украинската армија

8

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека мировните преговори со Русија, кои сега се во четвртиот круг, ќе продолжат денеска во Турција. Во изјавата објавена на Фејсбук, тој рече дека бил информиран дека преговорите се одвиваат „прилично добро“. „Но, ќе видиме. Тие продолжуваат утре“, рече тој.

Тој додаде дека украинските сили вчера помогнале да се евакуираат 3.806 лица од регионите Луганск и Киев. Конвој од 100 тони залихи се уште е во Бердјанск, рече тој, и не може да стигне до опколениот пристанишен град Мариупол.

„Тие бегаат од бојното поле. Ја напуштаат опремата“

Тој додаде дека руските војници се збунети бидејќи не очекувале таков отпор од Украина. „Тие бегаат од бојното поле. Ја напуштаат опремата“, тврди тој. „Земаме трофеи и ги користиме за да ја заштитиме Украина“, вели Зеленски.

Зеленски, исто така, им се заблагодари на руските цивили кои протестираа и се обидуваа да ја шират вистината за војната – изразувајќи лична благодарност до демонстрантот кој вчера држеше антивоен знак на вестите на рускиот Канал 1.