Зеленски до руските сили: Ако сакате да живеете, предадете се

14

Во текот на ноќта, претседателот на Украина, Володимир Зеленски, објави уште една видеопорака во која изрази внимателен оптимизам за тековните мировни преговори со Русија, истакнувајќи дека Москва почнува да сфаќа дека победата нема да дојде на бојното поле.

„Тие веќе почнаа да сфаќаат дека нема да постигнат ништо со војна. Нашите храбри бранители продолжуваат да им нанесуваат катастрофални загуби на руските трупи. Наскоро бројот на соборените хеликоптери на Русија ќе достигне стотици. Тие веќе изгубија 80 воени авиони. Стотици тенкови и илјадници други единици опрема. За 19 дена, руската армија загуби повеќе во Украина отколку во две крвави и повеќегодишни војни во Чеченија. рече тој.

Тој, исто така, директно им се обрати на руските војници, велејќи им дека ако се предадат на украинските сили, со нив ќе се однесуваат како што треба со луѓе.

„Во име на украинскиот народ, ви даваме шанса да живеете. Ако им се предадете на нашите сили, ние ќе ве третираме како луѓе: достоинствено„Онака како што не ве третираат во војската. И начинот на кој вашата војска не се однесува со луѓето. Изберете“,рече Зеленски.

Зеленски, исто така, изрази благодарност до жената која со антивоен транспарент се појави на вечерните вести на руската телевизија Канал 1 под државна контрола.