ЗЕЛЕНСКИ УПАТИ СЕРИОЗНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ Русија оваа недела ќе ги интензивира нападите, но не само против Украина

16

Украинскиот претседател Володимир Зеленски доцна синоќа изјави дека очекува Русија да ги интензивира нападите врз неговата земја додека Киев ја чека одлуката на Европската унија оваа недела да и додели кандидатски статус на Украина.

– Очигледно треба да се очекува Русија да ги интензивира непријателските активности оваа недела – рече Зеленски во своето вечерно видео обраќање.

– И не само против Украина туку и против другите европски земји. Подготвени сме, но ги предупредуваме и нашите партнери – рече украинскиот претседател.

Во четврток и петок ќе се одржи редовен самит на шефови на држави и влади на ЕУ, на кој, меѓу другото, ќе се разговара за мислењата објавени од Комисијата минатата недела за апликациите на трите земји, Украина, Молдавија и Грузија, за членство во ЕУ.

Ако Украина и Молдавија добијат кандидатски статус, тоа ќе биде голем скок, бидејќи пред бруталниот руски напад врз Украина, тие земји се бореа да добијат каква било формулација во заедничките декларации што барем ќе навестат европска перспектива.