Земјотрес од 6,2 степени во Хрватска, во Петриња загина дете, има голема штета и повредени

35

Силен земјотрес од 6,2 степени ја погоди Хрватска околу 12.20 часот, со епицентар на 3 км од Петриња, но се почувствува во целата земја, па и до Љубљана и Белград. Во Петриња загинало едно дете, потврди градоначалникот, а првите извештаи говорат дека пола град е разурнат, има повредени и се очекува да расте бројот на жртвите.

Според сеизмолошката служба се очекува да има поголема материјална штета.

Градоначалникот Даринко Думбовиќ побара итно да се испрати помош во Петриња.

„Ги извлекување луѓето од коли, не знаеме дали имаме мртви и ранети, случнав дека се урнала една градинка, но за среќа немало деца внатре, додека од друга градинка децата успеаа да се спасат. Општа паника е, луѓето си ги бараат своите, рече Думбовиќ и побара помош од сите осовено од војската и пожарникарите.

По земјотресот поголемиот дел од Загреб остана без струја, а болниците се евакуирани.