Со 50 евра казнет возачот кој се паркираше на плоштадот и се крстеше пред Цар Самоил

34

Со 50 евра е казнет возачот кој вчера со својот автомобил се паркираше на плоштадот Македонија и се крстеше пред споменикот на Цар Самоил.

„По објавеното видео на социјалните мрежи, каде што е прикажано непрописно паркирање на јавна површина на улицата Македонија, градските инспектори веднаш реагираа и го казнија сторителот со казна од 50 евра“, соопштија од Град Скопје.