Зибери: Немаат право Заев и Мицковски да бараат пратеник повеќе за да може да формираат влада, да се почитува начелото победник со победник

100

-Како прв приоритет го издвоивме прашањето на соочување со тешките разорни ефекти од пандемијата на здравствен и економски план. Сакаме да ги зајакнеме капацитетите на здравствен план. Тоа да не биде само морална и техничка поддршка туку и финансиска, не само на градење на капацитети, туку и материјално на луѓето кои први се на штитот од пандемијата.

-Предвидуваме минимална плаа на медицинскиот кадар со средно образование да не биде под 600 евра. Да ги зајакнеме капацитетите на примарното здравство, за помал продор во секундарното и терцијалното здравство. Брза реалокација на средства од Буџетот. Во ребалансот освен ова мора да оди реалокација и во стопанството каде е најпотребно. Брзо враќање на ДДВ кај приватните оператори, да не се чека туку најкасно за 30 дена да им се вратат средствата. Предвидуваме Буџетот да ги алиментира сите барања на приватните оператори кон јавниот сектор.

Борба против криминалот и корупцијата, враќање на довербата во судството
Ние сакаме веднаш да се постават правци кои ќе ја вратат довербата во правниот сектор, а како прв почеток ни е справување со криминалот и корупцијата. Мора да создаваме перцепција кај граѓаните дека сегашната перцпеција кон носителите на јавни функции не е иста кај сите. Не сите работат за лични интереси туку е професија за која доброволно се нафатиле. Тој процес ќе почне од правосудството, носителите на јавни функции од влада до пратеници и директори на јавни установи и тој процес сметам дека може да ја поправи сликата за носителите на јавни функции. Се има впечаток дека судството често пати своите одлуки ги носи од политички или етнички аспект. Мора судството како трета власт која функционира независно и граѓанинот да има доверба дека кога ќе чукне на вратата на судт дека ќе се почитува словото на законот. Тука зборуваме и за воведување на еден посебен суд кој ќе ги преиспитува одлуките за кои засегнатите странки смета дека од политички или етнички побуди се мотивирани одлуките.

Предвидуваме и низа мерки за малите и средните претпријатија со грантови и кредити. Зборуваме за неколку мерки кои во моментов се потребни.

Мојата програма е комбинација, дел од прашањата кои јас сметам дека се неопходни и дел од прашањата кои ДУИ смета дека се во интерес на остварување на партиската програма, за граѓаните. Програмата може да загрози функционери на ДУИ доколку навистина има елементи. Никој нема да биде поштеден. Мислам дека враќањето на довербата во владеењето на правото е услов за одење напред. Ние сме на прагот на отворање на преговорите. Тоа се првите начела за отворање на преговорите. Не велам дека кај ДУИ нема да има личности кои можат да бидат отпорни. Владеењето на правото е приоритет без кој не може да се оди напред, изјави Насер Зибери, кандидат за премиер од редовите на ДУИ во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“.