Зијадин Села е хоспитализиран поради болки во градите

45

Претседателот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села, поради болки во градите, од синоќа е хоспитализиран на Клиниката за кардиологија во Скопје. Од партијата велат дека неговата состојба е стабилна и наскоро ќе биде пуштен дома.

Градоначалникот на Гостивар и сопартиец на Села, Арбен Таравари, информираше дека во текот на вчерашниот ден Зијадин Села имал болки во градите, што било причина да биде примен на Универзитетската клиника за кардиологија во Скопје.

„По прегледите, се востановило дека е во добра здравствена состојба. Претседателот Села ќе се врати дома во текот на денешниот ден или утре и ќе продолжи со редовните секојдневни активности“,

вели Таравари.