Зошто Брисел го толерира негирањето на српскиот геноцид во Косово?

15

Емин АЗЕМИ

Косово бара начини како да му се приближува на Европа, затоа што смета дека е дел од неа, но во институциите на Европската унија никој не се сеќава да побара од Србија, онака како што беше побарано и од повоената Германија, да не се смее да го негира извршениот геноцид во Косово. Зошто на Европа му треба двоен стандард, кога сама таа се издигна врз борбата против заборавањето на злосторствата.
Од минатата година, конкретно на 16 Мај 2019 година, кога Собранието на Косово донесе резолуција со која одлучи 15 Јануари да биде ДЕН НА СЕЌАВАЊЕТО НА ГЕНОЦИДОТ ВРЗ АЛБАНЦИТЕ ВО КОСОВО. Додека на 10 Април, во присуство на многу високи политички функционери на Република Косово и Република Македонија, во меѓу граничната зона во Блаце, во косовскиот дел, беше инаугуриран Меморијалниот Центар на Егзодусот „Блаце ’99“. По тој повод беше поставен камен темелник на овој Центар и беше промовиран возот со натписот „Засекогаш во албанска меморија“, што е симбол на трагедијата на косовските Албанци кои дојдоа со тој воз на границата во Блаце.

„Денеска, ние не го поставуваме само камен темелник на меморијален центар, ниту возот што го имаме денеска тука како спомен на горчливото минато, не е доволен за да ја поддржува целата наша посветеност и целта. Навистина, ние денеска тука одлучуваме да подигнуваме центар што ќе го конзервира, зачува, брани, заштити и негува целокупното историско сеќавање на многу албански генерации во текот на еден век. Навистина, минатото не можеме да го промениме, затоа што тоа е преку нашата моќ, но тоа можеме да го потсетуваме секој ден, за да учиме од тоа и да не дозволуваме тоа да се повторува “, рече по повод инаугурацијата на овој меморијален Центар, др. Скендер Асани, директор на Институт за Духовно и Културно Наследство на Албанците (ИДКНА).

ДЕНОТ НА ПОТСЕТУВАЊЕТО НА ГЕНОЦИДОТ ПРОТИВ АЛБАНЦИТЕ ВО КОСОВО, се поврзува со гнасниот масакр во Речак. Во раните утрински часови на 15 Јануари 1999 година, селото Речак беше разбуден од железна полициско опколување од српските банди, облечени во воени униформи, паравоени сили, полицајци придружени и со многубројни моторизирани возила. Според сведоците кои го преживеа злосторството, околу 6 часот и 30 минути, српските сили со тешка артилерија започнале со гранатирање на селото, од местата наречени „Пишат“, „Костените“, „Раса е Чалакут“ и „Честа“ над Речак. После прекинот на гранатирањето, српските криминални сили влегоа во селото и ја започнаа рацијата од куќа до куќа. Во тие тешки времиња, селаните се обидоа да го напуштат селото или да најдат побезбедно засолниште, но железната опсада го направи тоа невозможно и како последица на тоа се убиени 45 жители од оваа село.

Албанците се принудени да го меморизираат овој датум, не што тој им донесува некоја радост, туку негирањето на геноцидот од страна на властите во Белград, го направи неопходно претворувањето на страдањето во институционална меморија.

Геноцидот се случи, но обидот да се негира и да се уништат трагите на злосторствата претставува двојно кривично дело. Иронично, ова негирање сега доаѓа од истата личност кој за време на војната во Косово(1998/99), го водеше Министерство за информации на Владата на Србија. Актуелниот претседател Александар Вучиќ, близок пријател на Еди Рама, кој го опиша злосторството на геноцидот во село Речак како „фабрикуван и измислен од Вилијам Вокер“, е ист министер за информации во кабинетот на сатрапот – Милошевиќ. Тој држи постојана линија на резонирање, не сакајќи да излезе ниту милиметар од четничкиот менталитет над Албанците.

Никој во Србија не беше осуден за гнасното злосторство извршен во Речак. Косово бара начини како да му се приближува на Европа, затоа што смета дека е дел од неа, но во институциите на Европската унија никој не побара од Србија,онака како што беше побарано од повоената Германија, да не се осмелува да го негира геноцидот извршен во Косово. Зошто му е потребен овој двоен стандард на Европа, кога таа сама се издигна врз борбата против заборавањето на злосторствата.