Изготвен „Прирачник за претседателски избори во Република Северна Македонија 2024 година”

1

Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ од Скопје (ИДСЦС) и претставништвото на фондацијата Конрад Аденауер во Скопје (КАС) изготвија „Прирачник за претседателски избори во Република Северна Македонија 2024 година”.

-Прирачникот дава преглед за претседателските избори 2024 година, како и за историјата на претседателските избори во земјата, изборниот систем и за учесниците на претседателските избори.

По завршувањето на изборите ќе се подготви второ, дополнето, издание на овој Прирачник во кое ќе бидат вклучени резултатите, како и информации за кампањата и изборниот процес во целина, информираат од Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ од Скопје (ИДСЦС) и претставништвото на фондацијата Конрад Аденауер во Скопје (КАС).

Оттаму се надеваат дека прирачникот може да биде корисен за сите кои се заинтересирани или директно вклучени во претстојните избори и најавуваат дека наскоро ќе го објават и прирачникот за престојните парламентарни избори.

Електронското издание на прирачникот е достапно на македонски, албански и  англиски јазик.

Традиционално почнувајќи од 2013 година, секоја изборна година, Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ од Скопје (ИДСЦС) и претставништвото на фондацијата Конрад Аденауер во Скопје (КАС) подготвуваат прирачник за изборните процеси во земјата.

Сите претходно подготвени прирачници за претседателски, парламентарни и локални избори можете да ги најдете на веб страната http://izbornaarhiva.mk/.