Санкционирани 55 возачи на мотоцикли

1

Санкционирани 55 возачи на мотоцикли во текот на вчерашната акција на МВР,  од 11.00 до 16.00 часот, на територијата на државата.

– Од нив, 32 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, 17 возеле без возачка дозвола… За време на контролата санкционирани се и 157 други видови на сообраќајни прекршоци, соопштуваат од МВР.