Илон Маск тврди дека станал милијардер благодарение на видео игрите

52

Американскиот претприемач, инженер и основач на познатите компании „SpaceX“ и „Tesla“, Илон Маск, изјавил дека неговата љубов кон програмирањето потекнува токму од видео игрите.

49-годишниот бизнисмен, милијардер и еден од најбогатите луѓе на светот рекол дека неговиот афинитет кон технологијата, компјутерите и програмирањето потекнува од неговата страст кон игрите.

„Видео игрите ми претставуваа огромна инспирација. Поради нив посакав да научам да програмирам и да создавам сопствени игри“, изјавил Маск.

Љубовта кон гејмингот започнала во еден хотел во САД, кога 10-годишниот Илон ја открил магијата на аркадните игри. Ваквото искуство го инспирирало да започне да се занимава со програмирање, а веќе на 12 години ја продал својата прва компјутерска игра наречена „Blastar“ за 500 долари.

Оттогаш ја основал компанијата „Zip2“ која ја продал на фирмата „Compaq“ за 307 милиони долари. Маск тогаш ја основал „X.com“ која подоцна стана познатата компанија „PayPal“. „Ebay“ ја купи „PayPal“ во октомври 2002 година за 1,5 милијарди долари.

Интересно е да се слушне еден волку успешен човек како зборува за позитивното влијание на видео игрите.