Искуството на сестрите на Инфективна клиника е бесценето, ќе разговараме да останат во јавното здравство, вели Филипче

16

Министерот за здравство Венко Филипче вели дека ја разбира исцрпеноста и премореноста на медицинскиот персонал за време на коронакризата и вели дека ќе направи сè што е во негова моќ да ги задржи во јавното здравство.

Откако беше објавено дека три медицински сестри од Инфективната клиника си дале отказ, тој утринава се сретна со нив во неговиот кабинет и како што ни изјави, разговарал да размислат околу одлуката и по одморот кој го побарале повторно да се сретнат.

„Тие ми се колешки, сосема ги разбирам. Сосема ми е сфатливо дека се преморени, истрошени и исцрпени и физички и писхички. Но, нивното искуство е бесценето и ќе направиме сè вакви искусни професионалци да ги задржиме во јавното здравство. Такви кадри немаат цена, изјави за САКАМДАКАЖАМ.МК министерот Филипче.

По средбата со медицинските сестри од Инфективната клиника тој на фејсбук напиша дека им изразил огромна благодарност за нивната посветеност и неуморна работа. „Кога се работи во такви тешки услови со многу стрес и замор, разбирливо е да дојде до потреба за промена за што целосно ги разбирам. Секој човек во здравството е важен и ќе направам сè за да ги мотивирам здравствените работници“, напиша министерот Филишче на Фејсбук.

Синоќа на социјалните мрежи се појавија документи дека главната сестра на Инфективна клиника, и уште 2 одделенски сестри си даваат отказ, а во образложанието за отказот пишува дека не биле доволно почитувани

 

Текстот е превземен од САКАМДАКАЖАМ.МК