Исчезнат е Димитар кој пред 12 дена заминал да собира печурки

73

Исчезнат е 25-годишниот Димитар Мицковски од Стругово, Демир Хисар. На социјалните мрежи неговите најблиски бараат помош за негово пронаоѓање.

Тие информираат дека последен пат го имаат видено пред 12 дена кога Димитар заминал да собира печкурки.

Димитар е висок е околу 180 см. Кога заминал бил облечен во тегет тренерки и црно капче.

Ако некој го видел или знае нешто веднаш да пријави во полиција, која исто така е вклучена во потрагата на исчезнатото момче.