И ФК Беласица на листата фирми кои добиле државна помош а не дале плата (ФОТО)

38

Владата во текот на вчерашниот ден ја објави листата на фирми кои добиле државна помош, а не исплатиле плати на вработените за месец декември.

На листата и ФК Беласица АД од Струмица кој добил 304.800 денари, но има неисплатена државна помош за своите вработени.

Директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска во четвртокот информира дека се пратени опомени до компаниите, и предупреди доколку не ја исплатат помошта, ќе следи присилна наплата со блокада на паричните средства на нивните сметки и пренос на средствата на сметките на вработените и уплатните сметки на УЈП.