Камп со шатори пред Министерството за образование ако не се исполнат барањата на матурантите

11

Ќе кампуваат пред Министерството за образование ако до крајот на месецов не им се исполнат барањата. Матурантите кои не одеа на насатава од денеска се вратени на настава но поставија ултиматум – ако не се прифати скратување на државната матура тие ќе го радикализираат протестот.

Очекуваат во Собранието да се изгласаат измени во Законот за средно образование кои се однесуваат на начинот на полагањето на матурата. Се бара наместо по четири матурантите да полагаат испити по два предмета – мајчин јазик и предмет од областа која матурантот планира да ја студира.

„Се враќаме на настава за да им оставиме простор на пратениците да најдат решение. Чекаме Комисијата за образование, наука и спорт да го разгледа Предлог-законот. По средбите што ги имавме во Собранието, Сојузот на средношколци е сигурен дека има поддршка од повеќе од 70 пратеници. Ако не се прифатат и гласаат нашите барања до крајот на месецов, ние ќе почнеме да кампираме пред МОН. Нашиот бојкот е последица на немањето слух за нашите проблеми, укажувања, аргументи и конкретни предлози за изменување на годинашната државна матура. Сојузот им остава можност и време на институциите да ги прифатат и спроведат нашите барања, изјави Бленди Ходаи, претседател на Сојузот на средношколците.