Кандидатот за прв премиер-Албанец ќе ја презентира програмата

17

Поранешниот пратеник, а сегашен кандидат за прв премиер Албанец, Насер Зибери, денеска на пладне пред зградата на Владата ќе ја презнтира владината програма, соопшти ДУИ.

„Денес, со почеток во 12 часот, пред зградата на Владата во Скопје, првиот албански премиер ќе ја одржи првата владина седница на која ќе им ја претстави владината програма на граѓаните“, соопшти ДУИ.

Идејата за прв премиер од албанска националнот е на ДУИ, која за неа бара поддршка од целиот албански политички блок.