Кер: Кари повторно ја почувствува играта, беше многу добар во второто полувреме

8

 

Тренерот на Голден Стејт вориорс, Стив Кер се осврна на враќањето на теренот на првата ѕвезда на тимот Стив Кари.

– Кари повторно ја почувствува играта, во второто полувреме беше многу добар. Ова е позитивен момент, бидејќи е тешко да се вратиш по такви повреди, изјави Кер за „Марка“.

Кари пропушти 11 натпревари од сезоната 2022/23 во НБА поради повреда на левото рамо.

На првиот меч по враќањето, во кој неговиот тим се сретна со Феникс санс (113:125), Кари постигна 24 поени.