Ким: Повеќе заработувам од Инстаграм отколку од цела сезона на „Во чекор со Кардашијан“

21

Познатата старлета Ким Кардашијан се прослави преку реалното шоу „Во чекор со Кардашијан“, а многу фанови беа изненадени од веста дека по 14 години, популарното шоу се гаси.

Во едно интервју, таа откри дека заработува повеќе од еден спонзориран пост на социјалните мрежи отколку од целата сезона на реалното шоу.

– Без нашето реално шоу, не би биле тоа што сме денес и затоа продолживме, но реално, можеме да објавиме нешто на социјалните мрежи и да заработиме повеќе отколку од целата сезона на реалното шоу – рекла Ким.

Според пишувањето на порталот ТМЗ, Крис Џенер потпишала договор за дополнителни пет сезони во 2017 година за 150 милиони долари.

Крис открила дека заработувачката се дели меѓу сестрите, а кога ќе се одземат 10 отсто од заработувачката што Крис ја добива како нивна менаџерка, тоа значи дека секој член на семејството добива околу 4,5 милиони долари по сезона.

Ким оваа година беше рангирана на четвртото место меѓу најплатените инфлуенсери во светот. На страницата со Hooper HQ, која секоја година го објавува списокот, се наведува дека Ким заработува дури 858.000 долари по спонзорирана објава на Инстаграм. Судејќи според овие податоци, Ким не заработува иста сума од една објава како од една сезона.

Списанието „Форбс“ објави дека богатството на Ким се проценува на 780 милиони долари.