Коби Брајант погребан на приватна церемонија

4

Легендарниот кошаркар Коби Брајант е погребан заедно со неговата ќерка Џиана на приватна церемонија во Лос Анџелес, пишуваат американските медиуми. Како што наведува „Си-Би-Ес Лос Анџелес“, погребот во Меморијалниот парк „Пацифик Вју“ во Корона дел Мар бил затворен за јавност и на него присуствувало само семејството на славниот член на лејкерси.

Погребот е извршен по две недели од трагичната несреќа и падот на хеликоптерот во кој, покрај Коби и Џиана, загинаа уште седум лица.

Јавната комеморација е закажана на 24 февруари во „Стејплс Центар“, датум што е симболично избран по бројот на дресот што Брајант го носеше во вториот дел од 20 годишната кариера. На неа ќе може да присуствуваат и навивачите кои ќе имаат прилика да му изразат последна почит на една од најголемите легенди на „езерџиите“.