Кокшаров си поднесе оставка, веќе не е селектор на Русија

9

Спортскиот директор на Вардар, Едуард Кокшаров си поднесе оставка од селекторската позиција на руската ракометна репрезентација.

Русија имаше лош настап на Европското првенство, три порази од три натпревари во група со Унгарија, Исланд и Данска.

Селекторот Едуард Кокшаров се повлече од селекторската функција по неуспехот.

„Не ја остварив примарната цел која ја имавме, не можам да останам селектор на Русија. Му посакувам големи победи на тимот во иднина и сигурен сум дека ќе дојдат. И благодарам на федерацијата за довербата и условите кои ми ги овозможија“, изјави Кокшаров.