Која е Констракта, жената која ќе ја претставува Србија на „Евровизија“?

14

Aна Ѓуриќ Констракта ќе ја претставува Србија на големото евровизиско шоу во Торино, Италија. Со својата песна „In corpore sano“ и ефектен настап таа го привлече вниманието на публиката и веќе е прва на тренинг листите на „Јутјуб“.

Реакциите во јавноста се поделени, на некои не им се допаѓа песната, а други се воодушевени што Србија испраќа толку оригинална нумера на „Евровизија“, „песна што не е напишана за да ја задоволи евровизиската публика“.

Текстот на песната е исто така тема за која многу се зборува овие денови. Имајќи предвид дека Констракта освои најголем број поени од стручното жири, но и најмногу гласови од публиката, многумина коментираат дека „Србија конечно се буди“, а на социјалните мрежи се поврзуваат дека ова може да биде добар знак пред изборите 3 април“.

Констракта или Ана Ѓуриќ својата музичка кариера ја започна во бендот „Мистејмистејк“ а од 2007 година беше една од двете женски вокали на бендот „Земја Грува“, заедно со Зои Кида. Со Земјата Грува веќе има настапувано на Беовизија во 2009 година.

Во интервју пред неколку години, за својот псевдоним изјави дека во превод значи рационално емотивно.

„Од една страна, броев многу слогови, стихови и правила на некои нови зборови, конструирав нешто, што ми беше интересно. Не го правам тоа повеќе. Од друга страна, во тоа време студирав архитектура и на предметот Историја на уметност, кој го предаваше професорот Шуваковиќ, се зборуваше за конструкти, пред се за општествени. Па целиот свет и сите феномени ги гледав како конструкција. И себеси и песните. Ете, нема никаква мистерија“, објасни таа.

Покрај пеењето, Констракта пишува и песни.

„Инспирацијата за пишување е животот, нашиот живот. Стиховите се насекаде“, изјави таа во една прилика за медиумите.

Нејзината прва соло песна „Гума за џвакање“ ја објави во 2019 година, по што следеа сингловите „Неам шаман“, „Нобл“, „Мекано“…

На прашањето дали од музика може да се живее во Србија, таа пред неколку години одговори дека е можно, „иако заработката не е баш пропорционална со вложениот труд“.

Мажена е за архитект со кој ги има ќерката Лена и синот Никола. Во едно интервју пред 10 години, таа истакна дека на настапите ја задоволува потребата од клабинг и дека обожава да поминува време со семејството.

Нема здравствена книшка, како што споменува во победничката песна за „Евровизија“. Како што изјави за настапот во Торино ќе си плати приватно здравствено осигурување.