Кривични пријави паднале за журките во Градиште

40

Засилени екипи на Пазарниот инспекторат од Охрид, со колеги од Скопје и гостива продолжениов викенд имале полни раце работа крај охридското крајбрежје. Петнаесет инспектори направиле 75 надзори во изминатите два дена и поднеле две кривични пријави кои се однесуваат за организирани журки во Градиште на втортата и третата плажа.

На подрачјето во Струга во кафуле покрај Дрим инспекторите биле попречувани во извршување на својата работа па напомош дошла и полицијата и се преземаат дополнителни мерки, соопштуваат од Пазарниот инспекторат одделение Охрид, за „Слободен печат“.