Кризниот штаб препорача ковид-изолацијата да трае седум дена

2

Изолацијата за болни од ковид-19 наместо 10 да биде 7 дена, предлага Главниот координативен кризен штаб. Оваа препорака до Владата е донесена на синоќешната втора седница, на која министерот за здравство Беким Сали ја презентирал актуелната состојба со пандемијата..

„Препораката е врз основа на предлог на Комисијата за заразни болести, поради полесната клиничка слика предизвикана од омикрон сојот“, велат од Кризниот штаб.

Препораката е доставена до Владата и за неа ќе се дискутира на денешната владина седница која се одржува во Софија заедно со бугарската Влада.

Од почетокот на пандемијата изолацијата за асимптоматските болни е 10 дена, додека за оние со симптоми и потешка клиничка слика 20 дена.