Кристијано Роналдо добил неверојатна понуда од 300 милиони евра?!

0

Светската фудбалска ѕвезда Кристијано Роналдо и летово е меѓу најбараните фудбалери на пазарот. Се поврзуваше со големите и богати европски екипи, но последната понуда која е неверојатна доаѓа од Блискиот исток.

 

Сме виделе секакви работи во најважната споредна работа на светот фудбалот, но ова е нешто лудо и неверојатно.Еден фудбалер да вреди фантастични 300 милиони евра.

Клуб од Саудиска Арабија подготвил понуда за капитенот на Португалија Кристијано Роналдо вредна неверојатни 300 милиони евра. Оваа вест не е грешка.

Клубот сака да плати за ангажманот на Кристијано „луди“ 300.000.000 евра.

Доколку овој трансфер би се реализирал тоа ќе биде нов најскапиот трансфер во историјата на фудбалот.

Според медиумските шпекулации средсвата би се распределиле вака:

– Отштета на Манчестер Јунајтед сегашниот клуб на Роналдо би изнесувала 30 милиони евра.

– Агенти и посредници во трансферот би добиле 20 милиони евра.

Останатите 250 милиони евра би завршиле на сметката на Кристијано Роналдо за договор на две години со клубот од Саудиска Арабија.

Највите за овој трансфер предизвикаа лавина од коментари на социјалните мрежи, илјадници фанови на фудбалот сметаат дека е вистинска лудост еден фудбалер, да добие 250 милиони евра за трансфер.