Курти: Не влегуваме во „Отворен Балкан“ се додека Србија не го признае Косово

12

Премиерот на Косово, Албин Курти изјави дека нема да биде дел од „Отворен Балкан“сè додека Србија не го признае Косово, јави дописничката на МИА од Тирана.

Тој додаде дека не може да биде на иста маса и да носи заеднички одлуки со држава која ги негира злосторствата извршени врз албанскиот народ.

Курти истакна дека сите треба да извршат притисок врз Србија, а не врз Косово.

Тој по вчерашната средба со германската канцеларка Ангела Меркел во Тирана, која ја оцени како плодна, рече дека Берлинскиот процес е доволен и не се потребни други алтернативи за да се создаде позитивен дух на Балканот, посочувајќи дека Берлинскиот процес е начин за интеграција на Косово во Европската унија.