Кучињата кои го убија српскиот новинар биле обучени да напаѓаат луѓе

27

 

Директорот на јавното комунално претпријатие „Ветерина Београд“, Будимир Грубиќ, за Радиотелевизија Србија изјави дека кучињата што го убија новинарот Владан Радосављевиќ се сместени во „Ветерина Београд“ и дека се истражуваат околностите кои довеле до инцидентот. Грубиќ рече дека се работи за стафорд, мешавина од стафорд и питбул, а третото е големо мешано куче.

Страшна несреќа се случила вчера на планината Космај кога глутница кучиња го нападнаа и убија новинарот Владан Радосавлевиќ, еден од основачите на Продукциската група „Мрежа“ и тешко ја повредија неговата сопруга.

Директорот Грубиќ потврди дека се работи за кучиња кои имале сопственик и дека на тоа укажува фактот дека сите кучиња биле јасно обележани. Тој напомена дека овие кулиња биле обучени да напаѓаат луѓе.