Лавров: Западните политичари не ја познаваат добро Русија

1

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров смета дека западните политичари, кои велат дека е неопходно да се победи Русија „на бојното поле“, веројатно не учеле добро на училиште и не го познаваат добро минатото.

„Тие велат дека Русија мора „да претрпи пораз“, да ја натераат да „загуби на бојното поле“. Веројатно не им одело добро на училиште“, рече Лавров, додавајќи дека овие западни политичари „извлекуваат погрешни заклучоци од нивните разбирања за минатото“.

Лавров, исто така, тврди дека Западот на крајот ќе мора да ја признае „реалноста што се создава“ на земјата.