Лажни се вестите дека ВМРО ДПМНЕ ќе го поддржи Договорот за добрососедство со Бугарија

14

По објавата на видеото од средбата меѓу лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски,со бугарскиот премиер Бојко Борисов, на која Мицкоски вели дека ќе поддржи се што е добро за Македонија и за Бугарија, се огласи самиот Мицкоски од Самитот на ЕПП кој се одржува во Загреб.

Лажни се вестите дека ВМРО ДПМНЕ ќе го поддржи договорот за добрососедство со Бугарија, вели Мицкоски. Тој објаснува дека на средбата со Борисов се разговарало за меѓусебната соработка на двете земји, која тој ја поддржува, како изградба на автопатишта, железничко поврзување, научното поврзување помеѓу двата универзитети итн. Тоа за Мицкоски е прифатливо бидејќи е добро за Македонија. Но, тој истакнува дека на средбата станало збор и за „резолуцијата со која се негира посебноста на македонскиот јазик, ликот и делото на Гоце Делчев“, што за лидерот на ВМРО ДПМНЕ, не е добро.