Лекот Ивермектин се очекува во текот на оваа во аптеките и болницитe

42

Лекот Ивермектин се очекува во текот на оваа недела да се најде во македонските аптеки и болници, што според многумина експерти е нова надеж во лекувањето на болните од корона вирусот, се до пристигнувањето на вакцината. „Ивермектинот“ дава голема надеж во третманот на пациентите со коронавирус, затоа што е докажано дека тој помага да се намали долготрајноста на хоспитализацијата и на смртноста, а ако се даде во првата фаза од болеста, тогаш помага симптомите да не прогресираат.

Интервентниот увоз следува откако пред крајот на годината до Агенцијата за лекови МАЛМЕД пристигнаа барања за набавка на Ивермектинот од страна на некои веледрогерии и здравствени установи каде се лекуваат болните од Ковид-19.