УЈП денес треба да го објави списокот на компании кои не исплатиле плати од државната помош

31

УЈП во текот на денешниот ден се очекува да ја објави листата на компании кои не ја исплатиле ноемвриската плата за своите вработени, а добиле државна помош во рамки на четвртиот пакет на економски мерки.

Директорката на УЈП, Сања Лукаревска рече дека листата на новите неисплаќачи ќе биде доставена до генералниот секретаријат на Владата за да се објави на првиот работен ден во 2021.

Доколку за една недела не им исплатат плати на вработените УЈП ќе им ги блокира сметките на овие фирми.