Ленин се повлекува, блокадата продолжува, Градот не одговара

27

Продолжува хаосот во Скопје. Превозниците не попуштаат. Автобусите ќе останат на крстосниците се додека не им се исплати милионскиот долг од ЈСП. Директорот на „Слобода превоз“ најави повлекување од протестите, за, како што рече, случајот да не добие политичко светло.

„Jaс ќе понудам пред превозниците да се повлечам и како Ленин Јовановски и како „Слобода превоз“ од понатамошните процеси, ако веќе тоа беше некаква пречка и гледам дека сега тоа се актуелизира до ниво да на некој тоа му е изговор за неспособноста да го реши проблемот на приватните превозници. Сега јас ќе им го одземам тој комодитет да може да се оправдуваат и да имаат оправдување вперувајќи го прстот во мене како индивидуа што ја поддржала Данела Арсовска или индивидуа што има одредени лични политички убедувања“ – Ленин Јовановски, директор на „Слобода превоз“

Од градот Скопје не кажаа дали имаат план да го решат проблемот. Арсовска се уште се крие, а пред медиумите излезе генералниот секретар кој освен рачно напишаниот говор, не знаеше да каже ништо друго, па избега од новинарите.

Огласот за нови приватни превозници ќе биде објавен во петок. Засега отворен е повик само за линиите 20 и 22, оти за другите немало потреба.