Спортскиот директор на ПСЖ, Леонардо ги израдува фановите после големата победа против Баерн Минхен.
Како што е познато, ПСЖ сака да ги задржи двете главни ѕвезди, Нејмар и Мбапе и подолго врмеме е во преговори за продолжување на договорите.
„Мислам дека сме блиску до договор кој сите ќе ги направи среќни. Наскоро ќе објавиме повеќе информации кога е во прашање ситуацијата околу Нејмар и Мбапе“, изјави Леонардо, кој потоа одговори на прашање дали ПСЖ е заинтересиран за Донарума.
„Донарума? Нема да зборуваме за трансфери, Навас е фантастичен“.