Лошо новинарство, заразна болест

42

Во нашите медиуми (претежно портали) авторот и уредникот се две испарени позиции кои се губат некаде во густиот чад на плагијатот. Погрешната репродукција на непроверените вести, во моментов, е најстрашно ментално загадување што им се случува на луѓето

Од Емин АЗЕМИ

Настаните постојат поради политичарите. Така испаѓа според известувањето на некои медиуми. На почетокот се дава името на министерот, пратеникот, лидерот кој ќе присуствува на некој настан, особено од културен карактер, и сосема на крајот се дава темата за што ќе станува збор на тој настан.

Така не било никогаш. Ниту во времето кое ние го пцуеме – време кога одлуките беа централизирани, но новинарскиот професионализам имаше некакво ниво под кое не можеше а да не се оди. Дури во тоа време, учеството на некоја политичка личност се регистрираше, но се даваше на крајот на извештајот, затоа што настанот беше позначаен од учесниците во него.

Но денес што се случува? Се добива впечаток дека еден културен настан нема да се случи, доколку на него не присуствува некоја политичка фаца. Информацијата започнува со објавувањето дека фиљан фистек политичар учествуваше на изложбата или промоцијата на книга и учеството на тој фиљан фистек политичар ја направила атмосферата многу по пријатна. Потоа се известува што кажал тој фиљан фистек и сосема на крајот јавноста го дознае името на уметникот и делата што тој ги изложува, или делото што го промовира. Бедноста нема рогови.

Тоа им се дозволува донекаде на креаторите на партиските соопштенија, да ја афирмираат работата на нивните шефови во јавноста. Но, кога таквите соопштенија се објавуваат без да бидат уредувани од страна на медиумите, станувајќи само слепи пренесувачи на една партиска пуро информација, тогаш се поставува фундаментално прашање: Кој ја врши редактурата во нашите медиуми?

Ова прашање станува уште позначајно кога ќе се зема во предвид уште еден друг вознемирувачки феномен што ги зафати нашите медиуми. Станува збор за таканареченото новинарско пишување со копирање (copy paste), или глуво-немо новинарство кое емитува се што му се сервира. Дека е тоа така, потврдува и состојбата во која моментално се наоѓа нивото на известувањето во медиумите, каде често пати недостасува авторот, кој би имал одговорност за објавената информација, но недостасува и уредникот за начинот како се дизајнира една вест.

Во нашите медиуми (најчесто во порталите) авторот и уредникот се две испарени позиции кои се изгубени некаде во густиот чад на плагијатот. Копи пасте, нашите автори и уредници не учествуваат на настанот, не ги прават сами насловите и не ги уредуваат текстовите, затоа што оваа работа не ја работат за да произведат професионален производ, бидејќи не знаат, тука повеќе да го шверцуваат ова свето занимање за некои идиотски интереси.

Затоа се случува да во овој куп на портали ни се појавуваат политичари како автоматизам на чело на културната информација, додека грешката на еден портал ја повторуваат сите други портали. Таква ангарија (бадијава) работа што се базира само во копирање на текстови и плагијат, прекумерно ја девалвиралат новинарската професија, додека јавноста е претворена во пасивен примател, без креативност. Како резултат, јавноста е накако информирана, бидејќи тоа што го знае некој погрешно, сите го знаат, а како заразна болест се пренесува од еден на друг . Погрешната репродукција на непроверените вести претставува најстрашно ментално загадување што им се случува на луѓето.

Единствената терапија за лекување, првенствено, за новинарството, а потоа и за јавноста, е школување на кадрите кои произведуваат вести. Првенствено се потребни професионални новинари и уредници, кои ќе ја известуваат јавноста од различни агли и ќе сервираат широк спектар на настани што се следат одблиску. Новинарот како сведок на настанот и внимателниот уредник што стои над текст за обработка на информацијата од професионален и јазичен поглед, од погледот на нудење на факти и ресурси и до синтаксата, за да го заврши со прифатлив, интигрирачки и по можност, со што по малку зборови, наслов. Ова е работата што секој медиум треба да ја прави, секој час и  секој ден во нивните редакции.

Се друго е игра и грда глума на професија што треба да се чува од лихварите кои ја знаат азбуката, но афирмираат новинарска неписменост.