Лукашенко бара ангажирање на војската

16

Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, побара од воениот врв на земјата да ги преземе сите мерки и да ја ангажира армијата.

Тој порача дека армијата треба да застане цврсто во одбрана на територијалниот интегритет на земјата, посочувајќи дека ситуацијата е особено сериозна на западните граници.

Лукашенко изјави дека во Белорусија е увезена т.н. обоена револуција која се потпира на странски фактор и се обидува да ја дестабилизира државата, јави ТАСС.

„Сè јасно покажува дека ‘обоената револуција’ против Белорусија е со поддршка на странски фактор, затоа што државата пружи неочекувано силен отпор“, заклучи Лукашенко.