Навални пристигна во Германија каде ќе продолжи неговото лекување (ФОТО)

15

Главниот руски опозиционер Алексеј Навални стигна денес во Германија каде што ќе продолжи неговото лекување, пренесува Би-би-си.

Медицинскиот авион кој го превезе Навални, кој е во кома и за кого неговите соработници тврдат дека бил отруен, слета утринава оолу 9:30 часот на ародромот Тегел во Берлин, откако полета утринава од сибирскиот град Омск.

Навални ќе продолжи да се лекува во болница во Берлин.

Портпаролот на Навални и претставникот на германската невладина организација „Синема фор пис“, која го организираше летот, потврдија за Асошиејтед прес дека авионот слетал.

До префрлањето на Навални во Германиј дојде до борбата на роднините и руските лекари кои се противеа на неговата евакуација.

„Им благодариме на сите на упорноста. Без вашата поддршка, немаше да успееме да го земеме“, се заблагодари сопругата на опозиционерот, Јулија Навална, која го придружуваше на летот, објавувајќи фотографија од носилката со која нејзиниот сопруг бил качен во авионот.