Мадс Микелсен ќе го замени Џони Деп во „Фантастични ѕверови“

14

Мадс Микелсен (55) е актерот кој ќе го замени Џони Деп кој ја толкуваше улогата на волшебникот Гелерт Гринделвалд во серијата „Фантастични ѕверови“, објавија „Warner Bros“.

Микелсен е дански автор, а светот го памти актерот Микесен по филмовите „Casiono Royale“ и „Doctor Strange“

До оваа замена дојде откако Џони Деп ја напушти франшизата на почетокот на ноември. Тој ја изгуби судската расправа во врска со натпис во списанието „Sun“ во 2018 година, во кој беше наречен „тепач на жени“. Целата ситуација ескалираше за многу брзо време, и по „Sun“ речиси сите медиуми го осудија Деп за ова дело!

Соопштението се појави кратко откако на Деп му беше одбиена жалбата на пресудата на Високиот суд, со кој се заклучи дека тој физички ја нападнал својата поранешна сопруга Амбер Херд.

На актерот му е одредена и парична казна која треба да ја исплати на издавачот на списанието „Sun“ од скоро 630.000 фунти.

Деп го толкуваше ликот Гринделвалд во „Фантастични ѕверови“ во 2016 година и 2018 година. Во филмовите, исто така, глумат и Еди Редмејн и Џуд Ло. Третиот дел од серијалот треба да биде објавен во 2022 година.