Макрадули: Работата на депонијата Дрисла под лупа и на Обвинителството

12

Инспекторатот за животна средина во декември до обвинителството доставил извештаи од надзорот на работата на депонијата Дрисла за изминатата година, рече заменик-министерот за животна средина Јани Макрадули.

Најави дека освен работата на компанијата „Еко клуб“ која несоодветно третирала медицински отпад пред да се гори на Дрисла, во наредниов период ќе се проверуваат дозволите и на другите компании кои горат отпад.

Макрадули најави санкции за сите фирми кои не работат согласно стандардите.

Ова следи по вчерашната конференција на Град Скопје кои информираа дека во Дрисла се горел медицински отпад кој не бил соодветно третиран.