Малчанскиот бербер бара самица, стравува дека другите затвореници ќе го малтретираат

51

„Мислам дека судењето ќе биде кратко. Целиот предмет е многу јасен, осомничениот го призна делото за кое се терети. Постојат и материјални докази, па и сведоци. Мислам дека пред судот не стои тешка одлука, особено поради тоа што во прашање е повеќекратен престапник“ вели за „Телеграф“ адвокатот Светозар Вујачиќ.

Нинослав Јовановиќ, познат како Малчанскиот бербер, кој го киднапираше девојчето Моника Каримановиќ, стравува за својата безбедност во затвор. Тој засега е во изолација, а според пишувањата на српски „Курир“, ги молел чуварите да не го испратат во групната ќелија поради тоа што се плаши дека таму ќе го силуваат другите затвореници.

– Осомничениот стравува дека другите затвореници физички ќе го злоупотребуваат, најверојатно и сексуално. Некои од нив се родители, а тоа што тој го има направено е во спротива на „кодексот на криминалците“. Најголем проблем за затворските чувари е да го заштитат Јовановиќ. Според процедурите, тој е сместен во изолација и под целовремен надзор поради сопствена сигурност – вели извор на српски „Телеграф“.

На Јовановиќ му е одреден притвор по неколку основи, поради тежината на делото за кое се терети, а за кое е предвидена казна поголема од десет години затвори, но и поради опасност од бегство и вознемирување на јавноста.

– Мислам дека судењето ќе биде кратко. Целиот предмет е многу јасен, осомничениот го призна делото за кое се терети. Постојат и материјални докази, па и сведоци. Мислам дека пред судот не стои тешка одлука, особено поради тоа што во прашање е повеќекратен престапник – вели за „Телеграф“ адвокатот Светозар Вујачиќ.

Тој потврдува дека силувачите на деца се во голема опасност во затворите.

– Јас едно време го застапував Малиша Јефтовиќ, кој ја силуваше и уби тригодишната Каја. Затворениците во ќелијата него го тепаа без престан, секој ден, па чуварите мораа да го преместат во самица. Нема сомниение дека и Јовановиќ ќе биде напаѓан од другите затвореници кога ќе им се отвори таква можност – смета Вујачиќ.

Јовановиќ е прв кандидат за примена на новиот закон во Србија и казната доживотен затвор, велат тамошните експерти.

– Тој е патолошка личност и нема сомнение дека во случај некогаш да се ослободи, повторно ќе нападне. Втората можност е да биде прогласен за непресметлив и да му биде изречена мерка за задолжително лечење во установа од затворен тип. Меѓутоа, во прашање е организирана личност која изработила цел план и тоа зборува дека тој не е душевно болен – констатира адвокатот Светозар Вујачиќ.

Дека е потребно Јовановиќ да биде отстранет од општеството, смета и криминологот Златко Николиќ.

– Ако излезе од затвор за 20 години, огромна е веројатноста Јовановиќ да го повтори кривичното дело бидејќи таква му е структурата на личноста. Тој нагон е посилен од него – вели Николиќ.