Мастерсот во Индијан Велс е откажан поради коронавирусот!

13

Почнаа да се откажуваат големите спортски турнири поради коронавирусот, прв настрада тенискиот мастерс турнир во Индијан Велс.

Првиот Мастерс оваа година е откажан поради коронавирусот. Нема да се игра турнирот во Индијан Велс.

„Разочарани сме, но здравјето и безбедноста на заедницата, навивачите, играчите и сите останати кои учествуваат на турнирот е на прво место. Се надеваме дека ќе успееме да најдеме нов термин за одигрување на турнирот“, стои во соопштението на организаторот.

Со изјава преку својот твитер профил се јави и Рафаел Надал.

„Веројатно сите ги слушнавте вестите. Индијан Велс е откажан. Сите ние сме тука и одлучуваме е следно. Многу сум тажен што сето ова се случува во светот со оваа ситуација. Се надевам дека наскоро властите ќе најдат решенија. Бидете добри и безбедни“, напиша Надал.